Она што го именуваме како нов мигрантски бран, полека почна да се "разбранува" во Идлиб, Сирија, од каде само за 10 дена се раселени над 30.000 жители

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 10:36

Над 30.000 раселени од Идлиб, ОН предвидуваат најтешка хуманитарна катастрофа на 21 век

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе од 30.000 луѓе ги напуштија своите домови во Сирија поради бомбардирањата од сили на режимот и неговиот руски сојузник во провинцијата Идлиб и околните области, соопштија ОН.

Податоците се за периодот од 1 до 10 септември.

– Ние сме длабоко загрижени од неодамнешната ескалација на насилството што предизвика раселување на над 30.000 луѓе,  изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања Дејвид Свансон.

Повеќето од раселените заминале во северниот дел на Идлиб, близу турската граница.

Битката за провинцијата Идлиб последниот бастион на бунтовниците во Сирија, може да прерасне во „најтешка хуманитарна катастрофа на 21 век“, предупреди денеска заменикот генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања.

– Треба да постои начин за решавање на проблемот, така Идлиб да не се претвори во следните месеци во најтешката хуманитарна катастрофа на 21 век со најмногу човечки жртви, изјави Марк Лоукок на прес конференција во Женева.

Тој имаше средба со претставници на хуманитарни агенции на ОН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести