Вчера предводеа иселениците во Англија за денес повторно на "првото место" да се искачи Швајцарија

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 14:34

Над 800 пријави за гласање од иселениците – најмногу од Швајцарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До Државната изборна комисија [ ДИК ] до денеска до 13:00 часот се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско конзуларните претставништва во странство.

Од нив 836 пријави се прифатени a 19 се одбиени додека останатите се во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 72 во Лондон – 69 во Торонто – 57 Љубљана – 48 и Канбера – 36.

Јавен увид во во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК до вчера направиле 1.967 граѓани.

Од нив најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 295 Струмица – 148 во Радовиш – 128 и во Прилеп – 104.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.