Ептен живот за сите

Објавил: admin@magazin | 15 јули, 2018 1:26

Нападната активистка на Левица, полицаец одбил да состави записник

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На вечерашната владина прослава во Скопје, по повод наводната покана за членство во НАТО, активистка на Левица беше физички нападната од двајца непознати машки особи, најверојатно членови на една владејачка партија, објавија вечерва од партијата.

Од Левица велат дека активистрката за со други нивни антимилитаристички активисти, држела транспарент на кој пишува: „НАТО = Војни, Крв, Солзи, Смрт“.

Но, симптоматично е тоа што најблискиот полицаец од присутните униформирани екипи, кои го обезбедуваа настанот во Градскиот парк, ОДБИ да состави записник за инцидентот, и покрај уредната пријава на девојката!? – додаваат од Левица.

По ова, таа – заедно со адвокат – се упатени кон полициската станица „Беко“, каде случајот ќе биде пријавен.

Ова се случува само ден по одлуката на Уставниот суд на РМ во која беше утврдена политичка дискриминација врз наши членови и попречување на слободата на јавно изразување, пишува во сооптшението на Левица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.