Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот

Објавил: admin@magazin | 8 јуни, 2018 12:34

Нападнат наставник на прослава на полуматура во Прилеп

Фото/Текст извор: ©Мвр

За време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“ синоќа во 21:00 часот во хотел во Прилеп, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.

Како што соопшти МВР, сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож.

Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.