Народниот правобранител отвори постапка и будно ги следи настаните за постапувањето на полицијата на протестите пред Собранието на Република Македонија

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 14:46

Народниот правобранител отвори постапка за полициската бруталност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Народниот правобранител отвори постапка и будно ги следи настаните за постапувањето на полицијата на протестите пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за името, информира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

– Веќе во два случаја имаме поднесени претставки од граѓани и непосредно од заинтересирано лице кое се почувствувало повредено, во кои се укажува на наводи за користење, односно употреба на средства за присилба и употреба на сила од страна на полицијата. Постапките се во тек и се преземаат мерки во надлежните одделенија на Народниот правобранител, рече Бајрамовска-Мустафа на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.