Заклучно од 1ви април граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2019 16:09

Отворена бесплатна телефонска линија: Пријавете повреда на гласачко право

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно од 1ви април граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

– Сите неправилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Кампањата за претседателските избори почнува заклучно од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ.

Народниот правобранител, додаваат, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

За новиот претседател имаат право да гласаат 1.808.131 граѓани запишани во Избирачкиот список. На претседателските избори, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство. Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50 отсто од гласовите на сите регистрирани гласачи во Избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40 отсто за гласањето да се смета за важечко.

Извор: Република

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести