Заклучно од денес започнува втората недела од изборната кампања за претседателските избори во тек

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2019 9:05

Втора недела од кампањата за претседателските избори: Еве која е агендата на кандидатите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно од денес започнува втората недела од изборната кампања за претседателските избори во тек, на која тројцата кандидати за претседателската функција продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии на средби, трибини и митинзи.

Блерим Река од Алијансата на Албанците ќе биде прв на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори, со реден број „два“ ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека бројот „три“ ќе го добие Стево Пендаровски од СДСМ.

Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата, Гордана Силјановска Давкова, денес ќе одржи митинзи во Македонски Брод и во Кичево.

Стево Пендаровски, кандидат од СДСМ и коалицијата, ќе има средби со жители на село Мирковци во општина Чучер Сандево, по што ќе учествува на граѓански трибини во општините Бутел, Шуто Оризари  и во Ѓорче Петров.

Претседателски кандидат поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, Блерим Река,  денеска ќе има средба со граѓани во Теарце.

На престојниот викенд на 13 април, професорката Силјановска ќе се претстави на централен митинг во Скопје  а ден потоа, на 14 април, централен митинг ќе има и Пендаровски. Река ќе има завршна конвенција на 18. месецов.

За потсетување, изборната кампања официјално започна на 1 април, а ќе трае се до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

На терен продолжува и изборната кампања и на кандидатите за градоначалници во Охрид, Ново Село и во Дебар, за кои изборот се одржува заедно со претседателските избори за кои првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести