Според податоците објавени од ДИК, до 17 часот на гласање излегле 665.975 граѓани, или 38,26 % од избирачите, па по се изгледа ќе биде постигнат потребниот цензус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2019 18:03

ДИК: Потребниот цензус сигурно ќе се достигне, до 17 часот излегле 38,26% од запишаните гласачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште еден час не дели од затворање на гласачките места, за да се започне со броење на гласовите. Според податоците објавени од ДИК, до 17 часот на гласање излегле 665.975 граѓани, или 38,26 % од избирачите, па по се изгледа ќе биде постигнат потребниот цензус.

Дик ја објави излезеноста до 17 часот

Според она што го објави ДИК, најголема излезеност на денешниот втор круг од изборите има во општините Крива Паланка, Гевгелија, Градско, Делчево, Демир Капија, Карбинци, Кочани, Кратово, Вевчани,Валандово, Аеродром, Битола, Богданци, Крушевои Прилеп, а најмала излезеност пак има во Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар и Липково.

Од ДИК најавија дека потребниот цензусот ќе се надмине.

-Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус, рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е за 4% повисока отколку во истото време во првиот круг, што ветува дека Македонија денеска ќе го добие петиот претседател по ред. На досегашните пет избори за претседател на државата беа избрани четворица претседатели, а актуелниот шеф на државата во заминување, Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата. На денешните избори доколку се постигне потребниот цензус, односно доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи ќе биде избран за претседател оној со мнозинство гласови. Доколку и на денешното гласање, односно во вториот круг од претседателските избори, ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови, целата постапка ќе се повторува, а до тогаш в.д. претседател ќе биде спикерот Талат Џафери.

Според избирачките списоци, право на глас имаат 1.808.131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести