Избирачот добива едно гласачко ливче за избор на претседател, а во двете општини и едно ливче само за избор на градоначалник,

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2019 10:33

Утре се избира претседател: Еве што е забрането да направите на утрешното гласање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре, на 5ти мај ќе се одржат шестите претседателски избори и предвремените локални избори во Охрид и Ново Село. За изборите има посебни правила кои важат за сите гласачи кои имаат право на глас.

Во недела на 5 ти мај е закажан вториот круг од претседателските избори

Избирачот добива едно гласачко ливче за избор на претседател, а во двете општини и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека  советите се конституирани на редовните локални избори.

Во Општина Охрид изборот за градоначалник е распишан поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

За гласањето на локалните избори, избирачот се потпишува во изводот од Избирачки список наменет за локалните избори.

Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот. Гласањето се врши тајно, зад параван.

Преклопеното гласачко ливче избирачот го става во соодветно обележаната кутија за гласање.

Гласање за друго лице е забрането, освен во случаите предвидени во членот 112 од Изборниот законик, односно избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со овој Законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако избирачот не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на избирачите.

Лицето кое ќе му помага на друго лице при гласањето не смее да биде од редот на членовите на избирачкиот одбор, претставниците на подносителите на листите или од редот на набљудувачите. Лицето не смее да влијае врз одлуката на избирачот, а при гласањето може да помогне најмногу на двајца избирачи кои се со физички недостаток или се неписмени. Овој начин на гласање се забележува во записникот број 16.

На денот на изборите на гласачките места се поставени овластени претставници на подносителите на листите, овластени набљудувачи, членови на изборните органи и избирачите, тие не смеат да користат мобилни апарати, фотоапарати и други средства за снимање на изборниот материјал и на избирачите кога гласаат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.