Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени од Заев и Пендаровски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 11:18

“Народот ќе избере жена претседател, на Македонија и треба правда”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот митинг на СДСМ, со соопштение се огласија од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочија дека автобусите кои пристигнаа за митингот во Скопје, беа полупразни поради тоа што народот ја бара назад правдата во Македонија.

Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија. Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“. Расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл,стои во соопштението на ВМРО.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ стои дека народот ќе избере жена Претседател бидејќи на Македонија и треба правда

Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски.Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт стои во соопштението.

Од ВМРО, се убедени дека професорката Силјановска е вистинскиот избор за птерседател и дека Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори.

Народот ја даде  поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија.Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена Претседател. На Македонија и треба правда. Татковината повикува,стои во соопштението на ВМРО.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.