Зибери во интервјуто истакна дека идејата за прв премиер Албанец е сосема спротивна, односно дека нам ни треба да докажеме пред светот и внатре, дека сме способни без оглед на припадноста, успешно без конфликти да ја водиме земјата, да ги надминеме овие поларизации и да се сплотиме во едно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2020 11:13

НАСЕР ЗИБЕРИ ЗА СЛОБОДНА ТВ: Нам ни е потребен премиер Албанец кој ќе се грижи за државата, не само за Албанците!

Фото/Текст извор: ©слободна тв

Во интервју за Слободна ТВ, кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери посочи дека нам ни треба Албанец премиер, но не таков кој ќе ги штити Албанците туку кој ќе се грижи пред се за државата.

Насер Зибери завршил Правен факултет. Зибери работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонијаза соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.
По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.

-Јас сум сведок дека многу од прашањата кои ние тогаш ги покренувавме сега веќе се апсорбирани. И оттука предрасудата дека Албанец може како приоритет во примената на политиката да ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи многу, да не речам 99 % од тие прашања се апсорбирани. На нас ни треба, да, Албанец, но не Албанец кој ќе се грижи само за Албанците, туку пред сè за земјата пред сè за државата зошто ако тезата е обратна, со право македонскиот граѓанин, значи од македонскиот народ, од македонскиот етникум може да има не само резерва, туку и одбојност кон таквата идеја, вели Зибери во интервјуто за Слободна ТВ.

Зибери во интервјуто истакна дека идејата за прв премиер Албанец е сосема спротивна, односно дека нам ни треба да докажеме пред светот и внатре, дека сме способни без оглед на припадноста, успешно без конфликти да ја водиме земјата, да ги надминеме овие поларизации и да се сплотиме во едно.

Не да го губиме идентитетот како политички субјекти, па ако сакате и како етникуми, туку да се сплотиме во државниот интерес кој треба да биде над сите останати што ги спомнуваме до сега. Ако ова ни е водилката во градењето на политиката, мислам дека е правата насока. Мислам дека и Албанците треба да го прифатат, како што треба да го прифати и секој граѓанин и секој Македонец и секој Србин, Турчин, Влав, Ром, Бошњак итн. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.