Имено ваквиот став на Села доаѓа откако во медиумите денеска се прошири веста дека Насер Зибери ќе ја земе позицијата на народен правобранител.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2020 22:25

Села: Зибери не може да биде народен правобранител, таа позиција треба да е наменета за опозицијата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во гостување во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека Насер Зибери не може да биде назначен за народен правобранител. 

Имено ваквиот став на Села доаѓа откако во медиумите денеска се прошири веста дека Насер Зибери ќе ја земе позицијата на народен правобранител.

Таа позиција е наменета за опозицијата, рече Села.

Инаку веста прва ја објави ТВ21 од извори блиски на ДУИ, но официјална потврда од Зибери сè уште нема.

Извори заТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.

Според Уставот народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер на земјава. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција по состанокот на партискиот совет на 19 август, на прашањето што ќе биде со Насер Зибери, изјави:

„Вие сите знаете дека г. Зибери е нотар и ја продолжува својата дејност како нотар до моментот кога ќе се договориме за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија“ велат извори за ТВ21.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести