петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Арбен Таравари во Гостивар ќе оди во втор круг со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна тој вчера најави можност дека Алијанса ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски во Кичево, со образложение дека треба да се гласа за секој кој не е од ДУИ.

Објавил: admin@magazin | 21 октомври, 2021 16:56

Мицкоски и Села ја потврдија соработката и за вториот круг од локалните избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/канал 5

Откако партиите од власта му изразија верност на Заев за стабилно мнозинство  и поддршка за вториот круг и опозициската коалиција си подаде рака за продолжување на соработката.

Мицкоски и Села денеска на средба во Собранието се договориле за меѓусебна поддршка на 31 октомври таму каде што имаат нивни кандидати, потврдија од двете партии. Од Алијанса за Албанците додаваат и дека коалицијата со Алтернатива им е стабилна и заедно работата да создадат ново парламентрано мнозинство. За нив актуелната влада нема легитимитет да ја води државата.

Арбен Таравари во Гостивар ќе оди во втор круг со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна тој вчера најави можност дека Алијанса ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски во Кичево, со образложение дека треба да се гласа за секој кој не е од ДУИ.

На поддршката од Алијанса за Албанците се надеваат и од Беса во битката за Тетово, кој важи за бастион во албанскиот политички блок. Иако од Алијанса и Алтернатива засега немаат единствен став, не е исклучена можноста партијата на Села да го поддржи лидерот на БЕСА, Касами за Тетово во трката Против Арифи од ДУИ, вели за Канал 5 потпретседателот на партијата Кастриот Реџепи. Очекуваат и СДСМ да го поддржи Касами за Тетово.

Во меѓувреме и од Алтернатива на Африм Гаши ја отфрлија опцијата за влез во владејачкото мнозинство, откако министерот за земјоделство и генерален секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа изјави дека нема ништо против оваа опозициска партија да стане дел од власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.