Иако не заседава, комисијата за национално помирување, од никаде најде нацрт закон за амнестија, истиот е предвидено да се разгледа на утрешната, четири пати одложена седница

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 12:57

Нацрт закон за амнесија има, ќе се амнестира по желба и исказ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако официјално никој од комисијата не потврдил дека стигнале до нацрт законско решение за амнестија, очигледно се потврдуваат информациите кои доаѓаат од Собранието дека тој бил готов и пред да се формира телото за национално помирување.

Откако комисијата четири пати ја одложи седницата, од никаде се појави нацрт законо за амнестија.

Имено нацрт законот за амнестија ќе биде разгледан утре (понеделникот) на средбата на групите за помирување, а предлогот  предвидува дека обвинетите треба јасно да се изјаснат дали ја прифаќаат амнестијата или според принципот на невиност сакаат да продолжи судската постапка. 

Законот нема да вклучува лица за кои постои материјален доказ за кривично дело „насилство“. Исто така, во законот не се вклучени организаторите и делата за кои се обвинети во случајот како поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

По разгледувањето на нацртот од групите за помирување, истото ќе треба да помине во координативното тело каде што треба да добие поддршка од сите за после да оди на парламентарна процедура.

Нацрт закон за општа амнестија претходно предложи ВМРО – ДПМНЕ, но беше одбиен, новиот на пратеничката група на Канческа Милевска сеуште е енигма, особено во делот дали ќе се однесува само за немилите настани во Собранието минатата година или и за други дела.

Неофицијално законот можно е да ги опфати и делата тероризам од Диво Насеље и убивство од Смилковско езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести