Но самото пуштање на патарината ќе чини поскапо од останатите, односно 100 денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2019 18:52

Најскапата патарина во Македонија ќе чини 100 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Републиак Северна Македонија донесе одлука од следната недела и официјално да биде  пуштена во употреба и првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица.

Но самото пуштање на патарината ќе чини поскапо од останатите, односно 100 денари.

На истиот автопат другата година ќе биде пуштена уште една патарина која пак ќе чини 80 денари, па така оние кои ќе патуваат по овој автопат за патарина од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари, а странците за новата патарина Демир Капија-Гевгелија ќе плаќаат 2 евра.

Новата патарина ќе чини сто денари

Така со пуштање во употреба на новата патарина од следната недела оние кои ќе патуваат во  Грција ќе плаќаат дополнителни 100 денари.
Ваквата одлука беше донесена од страна на Владата, а ќе стапи во сила за осум дена од нејзиното објавување во Службен весник.

Цената на патарините за странските државјани ќе биде намалена за половина евро на две наплатни рампи кај Романовце и кај Стоби.Тука патарината ќе чини по 1 евро, за оние кои плаќаат во евра.
Како што најавија од Јавно претпријатие за државни патишта за 10 дена ќе биде активиран и системот за електронска наплата на патарините. Граѓаните имаат плус уште два начини за плаќање, со безготовински смарт картички и уреди за електронска наплата на патарина ТАГ,  за кои ќе има попусти од 2 до 7 отсто од надополнетата сума на пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.