Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2019 10:23

Од денеска започна со работа најскапата патарина во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Утринава во 7 часот пуштена е во употреба новата патарина на автопатската делница Демир Капија – Смоквица.

Цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра, со што ова е најскапата патарина во Македонија.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.

Од минатиот месец беше воведено и електронското плаќање кое е достапно на наплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Во тек е надградба за прилагодување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.

Најавено е во наредниот период да се започне со изградба на две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар). 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.