Патарината за патнички возила ќе изнесува 540 динари или околу 4,5 евра.

Објавил: Перо Милчин | 13 јуни, 2019 22:43

Од сабота ќе се започне со наплата на патарина низ Грделичка клисура во Србија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопштија од Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, од оваа сабота ќе започне наплата на патарина и на новоотворената делница низ Грделичката клисура, на автопатот Е-75 од Дољевац до Прешево кон Република Македонија.

Од оваа сабота се започнува со наплата на патарина на новата делница низ Грделичка клисура. Патарината за патнички возила ќе изнесува 540 динари или околу 4,5 евра. Патарината, ќе започне со работа оваа сабота на 15 јуни, во 12 часот, а за автобусите ќе изнесува 1.620 динари и за камиони 3.240 динари.

Возачите Македонија кои патуваат од Прешево кон Белград, од 1 јули со новата патарина низ Грделичка клисура од 540 динари и со покачување на цените од 12 отсто, ќе плаќаат во еден правец 1.740 динари.

Грделичката клисура е комплетно совладана, јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција е целосно завршен.

Во прашање беше најтешкото градилиште во Европа, на делница од 26,3 км. Имаме 33 мостови, меѓу кои и највисокиот мост Врла и два најдолги тунели – Предејане и Манајле. Голема работа е направена, го поместивме магистралниот пат, отстранивме 600 илјади кубни метри камен, зад нас се многу тешки интервенции и огромна работа и јас сум горда на сите работници кои учествуваа во изградбата на Коридорот 10. Нема повеќе да се симнува од автопатот на магистралниот пат, што ќе влијае на безбедноста во сообраќајот, што е на прво место, изјави Михајловиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...