ДУИ е најопасниот Вирус за уништувањето на Македонската Држава!

Објавил: admin@magazin | 27 јули, 2023 11:56

На Албанскиот криминал и превласт мора да му се стави крај

Фото/Текст извор: ©Плус Инфо

Дојче веле открива што стои зад изјавата на Ахмети за хибридна закана против ДУИ

Дојче вели анализира што значи изјавата на Ахмети за создавање хибриден политичко-економски центар против ДУИ при што наведува дека аналитичари сметаат дека таа најверојатно алудира на т.н. план на Зоран Заев, за кој на крајот од минатата година детали објави „Плусинфо“.

Создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ“: почна дешифрирањето на ребусот – што значи оваа синтагма која во два наврата ја посочуваат високи партиски функционери од Мала Речица? Неа најпрвин ја употребил претседателот на партијата, Али Ахмети, кога пред три дена претседавал со највисокиот партиски орган на ДУИ – Генералниот совет, каде изразил загриженост од „создавањето на хибриден политичко-економски центар против ДУИ“. Но ниту во партиското соопштение, ниту подоцна, од партијата не објаснија на што мислел Ахмети, пишува Дојче веле.

Чекор понатаму отиде новоименуваниот потпретседател на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој во ТВ настап се осврна на „создавањето хибриден политичко-економски центар“ против интегративците, но со неколку детали го лоцираше времето и местото на наводното создавање на тој центар, со учество на сегашни и поранешни политички лидери.

Иако изјавата на Османи е скудна со други детали, аналитичари сметаат дека таа најверојатно алудира на т.н. план на Зоран Заев,за кој на крајот од минатата година детали објави „Плусинфо“. Според тие детали, на 21-ви декември 2022 година Заев имал средба со Димитар Ковачевски, на која биле присутни генералниот секретар Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и други членови на најтесното раководство на СДСМ. На средбата Заев го презентирал неговиот план за политички пресврт во седум точки. Меѓу нив, она што би го тангирало ДУИ, се две точки. Едната – одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години, а премиер да биде победникот на изборите. Другата – eлиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата, на Албанците да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не биде ДУИ. Но, планот на Заев бил отфрлен.

Според извори кои тогаш инсистираа на анонимност, Заев за тој план во повеќе наврати разговарал со Мицкоски, а како места на средби посочуваа локации на југоистокот од земјата, вклучително и во Скопје. Токму во наводите на тој план, аналитичари ја лоцираат денешната загриженост на ДУИ.

– Средбите на Мицкоски и Заев, како и активирањето на Црвенковски, најверојатно го вклучиле алармот во ДУИ дека се подготвува неформална коалиција врз етничка основа, која би имала за цел неутрализирање на улогата на албанскиот политички фактор во земјата“ – вели аналитичарот Џелал Незири.

– Како поткрепа на оваа теза одат и условите или опциите на Мицкоски за гласање на уставните измени, искажани на средбата со Ковачевски, меѓу кои се влада без ДУИ и безусловна поддршка на втората партија за победничката на предвремените избори за, меѓудругото, да не биде уценувана од ДУИ. Во овој контекст со ДУИ не се мисли само за партијата на Ахмети, туку и за секој нареден владин партнер од етничките Албанци. Уште повеќе што борбата против корумпираните во ДУИ се претвора во широка медиумско-политичка операција за прикажување на оваа партија како мафијашка група која ја разнебитува државата – вели Незири.

ш

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.