Аџилакот се смета за петти столб во Исламската вера

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 11:15

На аџилак годинава 672 верници од Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И македонските исламски верници на аџилак во светите места Мека и Медина.

“Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11-ти до 15-ти август ќе патуваат со четири авионски чартер летови.” – изјави генералнот секретар на Исламската верска заедница на Македонија – Ирсал Јакупи.

Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општните Дебар – Центар Жупа и подрачјето на Река општина Маврово Ростуше – годинава на аџилак ќе заминат 26 верници.

“Нашето муфтиство ги презеде сите неопходни активности за непречено заминување во светите места Мека и Медина каде се реализира петтиот столб на исламот – аџилакот. Верниците кои се пријавија ги поминаа сите неоходни лекарски прегледи а ја примија и потребната вакцина.” – потврди дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан Ефеди Хаса.

Вернициите од овој регион тргнуваат на 11-ти и 13-ти август од Дебар а потоа заедно со другите верници од земјава кон светите места ќе тргнат од скопскот аеродром.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.