Не дека пратеникот не сака да живее Скопје туку сакал да остане поблиску до неговите гласачи за патни трошоци од 2.000 евра месечно

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 6:50

На Локвенец помили му се патарините од стан под кирија во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец изјави дека нема да ја користи законската можност за изнајмување стан под кирија до 400 евра месечно заради кратење на собраниските трошоци и дека понатаму ќе патува секојдневно со автомобил.

Законски веќе ги скративме патните трошоци за 30 отсто и тоа е доволен напредок. Јас ќе патувам и понатаму со автомобил затоа што сакам да останам во непосреден контакт со моето гласачко тело, односно да бидам блиску со оние кои ме изгласаа како пратеник – изјави Локвенец.

Во најновите пресметки, пред донесувањето на законските измени, беше евидентирано дека пратеници трошеле и до 12.800 евра за девет месеци за патни трошоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести