Откако поранешниот премиер пребега, неговите поранешни министри, осомничени од СЈО со чудни ставови и изјави, обвинуваат дека режимот ги уништил додека министерувале

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 6:13

На Миле му текна, послушник и притвореник не е исто

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По Јанкулоска, и на декадните министри на Никола Груевски, Јанакиески и Пешевски им текна дека подобро е да се послушници на власта на Заев, отколку притвореници за делата за кои се обвинети.

Имено адвокатот на поранешниот декаден министер Миле Јанакиески, Бранко Миланов по завршувањето на рочиштето за случајот „ТНТ“ на СЈО  за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски, откако Јанакиески беше однесен назад во затворот во Шутка кај што е во притвор трет ден, пренесе порака од Јанакиески.

Ако имам сметка надвор од Македонија, потпишувам веднаш доживотна казна затвор. – напишал Јанакиески.

Јанакиески и вчера кога беше спроведен од Шутка во Основниот суд Скопје 1, на прашањето од судијата дали сега е во притвор одговори:

За жал да. Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот. –  рече Јанакиески.

Јанакиески беше декаден министер во во владата на поранешниот премиер Никола Груевски, еден од најблиските соработници според прислушкуваните разговори, кој по завршување на факултет во Солун, беше вработен една година во ЈП Водовод во Скопје, па веднаш стана министер. По оставката Јанакиески стана комерцијален директор во Пелистерка.

Притоа СЈО ни Кривичен Суд Скопје не го гонат Јанакиески за сметки во или надвор од Македонија, Јанева потврди дека самиот Груевски нема “скршен” денар на сметката, Јанакиески се терени во три случаи за изборни измани и рушење на објект за кој се тврди дека е дивоградба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.