среда, 1 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според обвинението, кобната вечер Ангела го намамила Пино да дојде во населбата Ѓорче Петров. Кога Пино пристигнал, таму бил осомничениот за убиството, Али Фуркан кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото “Опел” и со “шкодата” на Пино се упатиле преку обиколницата до Арачиново.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 ноември, 2019 15:14

На 15-ти ноември почнува судењето на девојката на убиениот Пино- Ќе победи ли правдата?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ангела Ѓорѓиевска, обвинетата девојка на убиениот Пино Секондо на 15 ноември како соучесничка во неговото убиство, ќе седне на обвинителна клупа, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“. Осомничениот за убиството, Али Фуркан се’ уште е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. Обвинител во предметот е Лидија Раичевиќ.

Ангела Ѓорѓиевска според првичните информации од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино.
Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци. На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Девојката била на полиграф но го поминала.

Според обвинението, кобната вечер Ангела го намамила Пино да дојде во населбата Ѓорче Петров. Кога Пино пристигнал, таму бил осомничениот за убиството, Али Фуркан кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото “Опел” и со “шкодата” на Пино се упатиле преку обиколницата до Арачиново.

Возел Али Фуркан, а девојката седела на совозачкото место. Пино бил на задното седиште. Во Арачиново застанале во нива и првин се карале по што се степале. Во еден момент Фуркан со пушката го застрелал во главата Пино.

Ангела е обвинета како соучесничка во убиството.

Мајката на Пино од декември минатата година, неколку пати организираше протести пред Собранието, а нејзиниот син го бараше и Интерпол.

Пинета Секондо, беше исчезнат од 11.12.2018 година, а беше пријавен од страна на неговата мајка, во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.