На денешното рочиште прв сведочеше поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рече дека на 27 април 2017 година имал интензивни комуникации со своите колеги задолжени за извршување на полициски акции и дека немал никаков контакт со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Објавил: Перо Милчин | 5 февруари, 2021 14:08

Чавков сведочеше за „27 Април“: Ми се јави Груевски загрижен

Фото/Текст извор: ©slobodnaevropa.mk

Со сослушување на сведоците на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за „организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година“.

На денешното рочиште прв сведочеше поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рече дека на 27 април 2017 година имал интензивни комуникации со своите колеги задолжени за извршување на полициски акции и дека немал никаков контакт со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Не сум имал никаква комуникација со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, пред, дента и по случувањата од 27-ми април во Собранието“, рече Чавков и додаде и дека отворањето на вратите на Собранието било изненадување за сите, па и за полициските службеници.

На прашањето дали на 27 април 2017 година бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Чавков рече дека ако некој посочи дека го видел таму – „лаже“. Тој посочи и дека комуницирал постојано со полицијата. Единствено за време на упадот во Собранието, имал телефонски разговор со поранешниот премиер Никола Груевски, кој му се јавил и изразил загриженост за тоа што се случува во законодавниот дом.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести