Гола вода е тоа што провладините „експертутки“ мислат дека ќе го зафркнат народот

Објавил: admin@magazin | 22 јули, 2018 0:31

“Невозможно е во ист ден да има избори и референдум”

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Невозможно е во ист ден да има избори и референдум, пишува на својот Фејсбук профил универзитетскиот професор Димитар Апасиев.

 Според важечкото право, невозможно е да има и ИЗБОРИ и РЕФЕРЕНДУМ во ист ден! Тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција. Можно е, во ист ден – недела – да има ИЛИ повеќе избори ИЛИ повеќе референдуми, но не и двете измешано, пишува универзитетскиот професор и член на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил.

Тој додава дека гола вода е тоа што провладините „експертутки“ мислат дека ќе го зафркнат народот до тоа што во ист ден би се одржало и референдум.

Тоа шо си замишљаат ова провладиниве „експертутки“ дека ќе го заебат народот ако во ист ден стават и референдум и избори – демек така ќе го обезбеделе цензусот од 900.000 избирачи – е гола вода. Впрочем, чл. 7 од Законот за рефрендум изрично го гарантира и ПРАВОТО НА НЕГЛАСАЊЕ, или популарно наречената „апстиненција“, т.е. „бојкот“!, додава тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.