Новинарот Неделковски со име ги прозва директните виновници за поддршката за уставните измени од петокот и посочи дека помина времето кога се молчеше пред "началникот"

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 13:50

Неделковски: Мијалков го намести Груевски, на ред е Мицкоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Новинарот Миленко Неделковски, кој важи за близок до партиските структури на ВМРО – ДПМНЕ, во свој текст открива ексклузивни детали како Мијалков го направил пробивот низ партијата и како по Груевски, следен на мета е претседателот Мицкоски.

Текстот како е новинарски став, ви го пренесуваме во целост:

Сите новонастанати тазе дојдени скопјани треба да знаат дека од тинејџерски години, уште од дискотека Технометал, Сашо Мијалков си имаше прекар Шиптар. Тоа тој ниту го криеше, ниту се срамеше. Напротив сметаше дека е ОК.

Толку околу насловот.

Сега за суштината.

Како се раск*рца државата, парламентот и системот, така луѓето се повеќе се охрабруваат да ги пишуваат работите со име и презиме.

Секој просечен следач на социјалните мрежи може да види дека се избиструваат имиња и настани што подоцнежната историја ќе ги обработи и класифицира во графата национално предавство.

Без навивачка еуфорија и со трезвени глави мора да се признае дека “од нашите си патиме”.

Не ни е виновен Заев! Виновни се оние што се преправаа дека се патриоти, кои се ословуваа со сердаре и комито, кои беа нарекувани началници – а глатко му ја предадоа власта и државата на Зоран Заев.

Јас, како Миленко Неделковски Македонски, нема да дозволам да се заборават имињата и “делата” на оние што не пуштија низ вода.

Постојано ќе ги преобјавувам за да имаат перманентно реметење.

Еве, за вечерва, можам да извадам заклучок дека најверните кадри на Никола Груевски, избрани и безрезервно поддржувани од Никола Груевски, на нас Македонскиот народ најдлабоко ни го зач*каа.

Зоран Јолевски кој во ташна однесе 2 милиони долари за донација за кампањата на Хилари Клинтон.

Нај антипатичен створ кој се што одработи го направи тоа на штета на државата. Кој за сметка на своите синови измислуваше американски консултантски фирми што Кирил Божиновски дебело ги плаќаше.

Нино Тодоров перманентниот министер во труд и за здравство, откако ја урна државата со двата Пржински договори, со образ ѓон излезе да каже дека ќе гласа на референдум.

Му беше интересно 10 години да е министер, ама му се здосади 3 месеци да е пратеник. Немаше доволно тендери и рушвет.

Елизабета Камческа Милевска која во Москва си шопингуваше во дуќанот за Харли Девидсон со кредитната карта на министерството што го водеше. Откако 11 години беше неорикосновена министерка, откако децата и се расфрлаа со пари во елитни локали во друштво со комуњарчиња, реши да се спасува себе си и своето азно.

Крајно, Сашо Шиптар кој беше апсолутна власт во државата, се сведе на нивото да ги притиска, убедува и уценува пратениците да гласаат во корист на Зоран Заев.

За возврат може да си го задржи хотелот Мериот, СЈО да ги повлече доказите против него и АКМИС системот да не му ја додели Кацарска за судија. Ах да, и да го жртвува за таа цел својот братучед Груевски,

Да не заборавиме, овие сите беа несменливи. А се покажаа најголеми промашувања во селекцијата што ја правеше “шефот”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.