Манчевски нема веќе да вработува нови административци согласно нивните стручни квалификации, етничката припадност ќе е пресудна дали воопшто се пожелни да конкурираат

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 8:46

Нема веќе вработување по Рамковен, етничката припадност пред квалификациите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Последниот извештај на Министерството за администрација, објавен во месец март, покажува дека во јавниот сектор има околу 130 илјади вработени.

Бројот на вработени Албанци и другите етнички заедници, во јавниот сектор изнесува 19.5%, додека според Рамковниот договор треба да изнесува 25%. Во оваа бројка учествуваат и тие кои се уште земаат плата, а седат дома.

Министерот за администрација и информатичко општество исто така, ден претходно информираше дека во 2019 година нема да има вработувања преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Доколку е така, тогаш како ќе се постигне застапеноста од 25% на Албанците и другите етнички заедници во земјава според Рамковниот договор? Државниот секретар во Министерството за администрација, Јахи Јахиу, вели дека тоа ќе го прави секоја институција одделно, при што ќе се мери балансот на вработувањата и според етничката припадност.

Ова е вистина, бидејќи во 2015 година донесовме регулатива која предвидува секоја институција, индивидуално да реализира соодветна застапеност на етничките групи во Македонија и овој процес е предвиден со закон, и можете слободно да погледнете на сајтот на агенцијата за администрација каде е пишано дека треба да биде Албанец, Турчин, Македонец, и тоа функционира. – изјави Јахи Јахиу, државен секретар во МИОА.

Се разгледува дали постојат евентуални законски недостатоци во овој процес и доколку е потребно ќе има корекции, вели Јахиу. Но, кога овие 19.5% ќе ги достигнат предвидените 25%?

Реално, не можам да предвидам, може да има одредена методологија која предвидува пораст на процентот, бидејќи во јавниот сектор зависи дали има потреба, бидејќи луѓе си одат, колку луѓе заминуваат во пензија и колку влегуваат. Ние сега имаме два проблеми, од една страна не критикуваат дека јавниот сектор се полни без потреба, од друга страна имаме критики дека застапеноста не е во пораст, ова се две работи кои се спротивни една на друга, размислуваме за сето тоа, и сметам дека оваа работа ќе се среди. – додава Јахиу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести