Тој јавно реши да ги отфрли сите шпекулации кои се на негова сметка.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 13:57

Нема да коалицирам со ВМРО-ДПМНЕ, останувам на другата страна: АМДИ ЈА ПРЕКИНУВА ТРАДИЦИЈАТА „кој е на власт со тој колаиција“:

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најверојатно во Македонија превремените избори ќе се случат на 12-ти април,многу шпекулции кружат за идните коалиции на големите политички партии, една од инфомациите кружеше дека Амди бајрам повторно ќе се моли кај поранешните сопартијции на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој јавно реши да ги отфрли сите шпекулации кои се на негова сметка.

– Сакам да се изјаснам во врска со некои шпекулации, кои ги има во јавноста, во медиумите, по порталите дека преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Не, тоа е чиста лага. Ниту преговарам, ниту немам никакви работи. Јас сум во колиција со СДСМ и останувам и понатаму во коалиција со СДСМ и сакам сите портали, сите медиуми да ме контактираат мене за вакви работи. Го знаете мојот број и јас да ве известам, а не да ми создавате компликации на мене и мојата политичка партија, рече Бајрам.

Тој побара извинување од оние кои ги ширеле овие информации и нагласи дека паролата на Сојузот на Ромите е „да биде секогаш со тој што е на власт”.

– Парола на Сојузот на Ромите е секогаш и јас како единствен пратеник, отсекогаш сум кажувал јавно, не кријам, секогаш треба да бидам со власта. Гледајќи ја целата ситуација јас бев во тој брод, Титаник пропадна и нормално преминав во другиот брод и имам успешна соработка со СДСМ, рече Бајрам.

На прашањето дали ќе го смени и „овој брод ако потоне”, Бајрам рече деке „се во свое време”, дека сега е во коалиција со СДСМ и дека на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврдил оти со него оди на избори.

Амби Бајрам пред македонската јавност е човек кој оди на сигурно и речиси само тој не губи кога станува збор за политиката, прво девет години беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ, откако партијата не успеа да ги обезбеди сите пратеници падна и власта на партијта, па потоа тој одлучи веднаш да ја смени страната и да прави колаиција со СДСМ.

Интересно од се е и покрај целата политчка криза во земјава, Амди Бајрам беше единтвен кој молчеше за сосотојбата во земјата коментирајќи дека подобро е да се молчи и да не ја коментира состојбата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.