Тој за Фокус вели дека сфатил како е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.

Објавил: Весна Петровска | 27 август, 2019 15:00

Амди Бајрам открива зошто се повлече од јавноста: Решив да не пливам многу, за да не се удавам

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пратеникот  Амди Бајрам долго време не се појавуваво јавноста па во изјава за ,,Фокус” реши да открие зошто тој не се поавува во јавноста и не дава коментари за случувањата на македонската политичка сцена.

Тој за Фокус вели дека сфатил како е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.

Пратеникот открива зошто молчи за политичката состојба во Македонија

-Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за аферата ,,Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам.

Еве, сега одам на седница, функционирам како што треба, професионално. Но, ова се едни такви времиња, кога важи паролата:

– Во овие времиња не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш. И подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам и работам – вели Бајрам за Фокус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.