За аферата ,,Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно, вели Ами Бајрам.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 август, 2019 15:05

АМДИ БАЈРАМ: “Подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам, работам и мудро си молчам„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник Амди Бајрам во изјава за „Фокус“ вели дека а аферата ,,Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. 

–Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за аферата ,,Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам. Еве, сега одам на седница, функционирам како што треба, професионално.

Но, ова се едни такви времиња, кога важи паролата: – Во овие времиња не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш. И подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам и работам – вели Бајрам за Фокус.

По напуштање на затворот повторно влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Додека партиципирал во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтирал со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како Кока-Кола“ во споредба со нив.

Во периодот 1998–2002 Амди Бајрам ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски.

При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.

Бајрам во 2004 бил обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично бил осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години.

На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победил, бил градоначалник нецел месец бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.