И "помошта" од Бугарската православна црква, со ист епилог, Вселенската Патријаршија ќе ни ја признае Црквата само ако го нема Македонска во МПЦ - ОА

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 6:23

Нема признание за МПЦ ОА, се додека во називот има Македонска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вселенската Патријаршија се осврна на прашањето на како што ја нарече „расколничката“ Македонска Православна Црква при неодамнешната Синаксика на Архиереи, што се одржа во Цариград од 1-4 септември.

Патријархот Вартоломеј на барањето за признавање на Македонската православна црква одговори со категорично “не”, се додека насловот на црквата го содржи името “Македонија” или било кој негов дериват, пишува Ромфеа.

Македонската црква во ноември се обрати до бугарската православна црква за помош за да стане канонски признаена автокефална Црква. Бугарската црква се согласи да помогне, што во голема мера ги налути црквите на Србија и Грција, како и на Вселенската Патријаршија.

Сепак, бугарската Црква постојано повторува дека нема да предизвика раскол во православниот свет поради македонското прашање.

Македонската црква потоа апелираше до Вселенската Патријаршија за уредување на својот канонски статус од каде одговорија дека ќе се заземат за прашањето и ќе преземе соодветни мерки, но со почит кон историско-канонските овластувања и привилегии на Вселенската Патријаршија “.

Патријархот Вартоломеј го истакна своето противење на употребата на терминот “македонски” во својот воведен говор на Синаксите на архиереи на Вселенската патријархиа на 1 септември, посебно обраќајќи се до, како што рече, митрополитијата на Македонија и Тракија – односно до епископите на Грчката православна црква кои исто така учествуваат во Цариградската Синаксија на Архиереи.

Особено истакна: “Ги замолувам моите браќа што служат во Македонија (што значи македонскиот регион на Грција) да ја пренесат мојата порака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.