вторник, 7 мај 2024

MK/ EN/ DE



Голем е бројот на гласачите кои се уште се неопределени за кого ќе гласаат

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2019 21:08

Неопределените гласачи ќе го одлучат претседателот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На МТВ1 вечерва се одржува дебатата помеѓу претседателските кандидати Река, Пендаровски, Силјановска.Според она што беше прикажано голем е бројот на гласачите кои се уште се неопределени за кого ќе гласаат, односно дури 15,8% се уште неопределени, што е нависина висок процент, иако е потребен цензус за успех на изборите.

Според најновата анкета на агенцијата М – Проспект спроведена на репрезентативен примерок од 1.197 лица постари од 18 години во период од 04 – 10 април, Гордана Силјановска Давкова е кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во Скопје. Силјановска е омилениот кандидат на скопјани, а зад неа е Пендаровски, додека Река ужива најмала доверба во главниот град, пренесува Курир.

Имено во правата изборна единица, во која се населените места Сарај, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Македонски Брод, односно централното градско подрачје на градот Скопје, Силјановска ужива поддршка на 32.4% од бирачите, Пендаровски би го гласале 31.5%, додека Река 10.8%, 13.6% не би гласале за ниту еден од кандидатите, 8% се уште не одлучиле кого ќе поддржат, а 3.8% одбиле да одговорат.

Ова е голем скок за опозицискиот кандидат Силјановска, што е имено и прво водство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица после подолг период.

Познавачите на приликите велат дека Скопје е показател на расположението на народот во целата држава, резултатот кој ќе се постигне во Скопје ссе прелева како бран во остатокот од државата. Такви примери сме имале во минатото кога Трифун Костовски, кој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ победи во Скопје, а победа потоа се бележеше и во скоро сите поголеми места низ државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.