ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски четири години ги лажат родителите на убиените кај Смилковско езеро

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 9:03

Неправда е убијците на децата кај Смилковско езеро да се шетаат на слобода

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неправда е кога по седум години убијците на децата при масакрот кај Смилковско езеро, се шетаат на слобода, а СДСМ притоа си игра со чувствата на граѓаните. Трагедијата која ги снајде семејствата не ги засега Пендаровски и Заев кои ни збор не спомнаа на денот на седумгодишнината од невидената брутална ликвидација на момчињата, се наведува во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и Стево Пендаровски четири години ги лажат родителите на убиените кај Смилковско езеро. Две години се власт, а убијците се шетаат на слобода. Зоран Заев и Стево Пендаровски ветуваа дека ќе ја кажат вистината за масакрот кај Смилковско, а веќе две години откако се власт ништо не преземаат, пишува во соопштението.

Заев и Пендаровски си поиграа со чувствата на родителите и роднините на убиените и го злоупотребија случајот за политичка пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Пендаровски на најдолен и крајно мизерен начин ја излажаа целата македонска јавност.

Власта целосно го заборави случајот на кој изгради цела кампања, власта покажа дека само ја манипулираше јавноста.

Кацарска судството и Русковска обвинителството и во овој случај како и во сите други само ги извршуваат политичките нарачки на Заев и Пендаровски.

Неправдата е симбол за владеењето на СДСМ. Заев и Пендаровски не знаат да владеат поинаку. Неправдата не смее да продолжи. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На Република Македонија и треба чесен претседател, кој ќе ги почитува уставот и законите, како Гордана Сиљановска Давкова, се вели во партиската реакција. 

Исто така, кандидатката за претседател Гордана Силјановска – Давкова на вчерашната дебата на МТВ, го потсети премиерот дека вети уште со објавувањето на „бомбите“ дека случајот „Монструм“ ќе биде решен наскоро.

„Седум години по настанот кој со право може да се нарече терористички, се уште сме без право и правда. Да потсетам што велеше премиерот, има снимки, никој нема да остане неказнет. Но, правото и правдата не стигаат за родителите на убиените момчиња. Како тие да веруваат во правната држава? Затоа ние повикуваме на право и правна држава. Ние ќе сториме се да нема селективна правда, да има владеење на правото, не владеење на група олигарси. Ние нема да се мешаме во судската власт. Ние ќе го оставиме судот да суди. Додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи право и правда нема да има“, рече Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.