И покрај топлото време - редовните врнежи од дожд почнаа да предизвикуваат проблеми

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 13:14

Нивото на дел од реките и пет пати поголемо од просекот за август

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пет пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод а тројно се зголемени нивоата на реката Пчиња кај Катлановска бања и на Црна река кај Новаци – покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно зголемување на нивоата пак има на реката Вардар кај ЈегуновцеВелес и Демир Капија

Нивоата на Охридското и Преспанското езеро се во рамки на августовскиот просек а минимално зголемување има на нивото на Дојранското Езеро

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.