Интерпелацијата на Никола Димитров на дневен ред во Собрание

Објавил: Узунов Бобан | 29 јануари, 2019 10:08

Никола Димитров денеска на жешки стол во Собрание

Фото/Текст извор: ©магазин

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска на “нишан” ќе го има министерот за надворешни работи откако пред новогодишните празници поднесе интерпелација за неговото работење. Расправата доаѓа после ратификацијата на Преспанскиот договор во Македонија и Грција. 

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на 81-та седница треба да расправа за интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа точка пратениците требаше да дебатираат вчера, но поради обврски на министерот Димитров беше одложена за денеска. Иницијаторите на интерпелацијата го обнвинуваат Димитров дека несовесно и неодговорно ја извршува функцијата, како и за лошо водење на дипломатијата на штета на националните и државните интереси, а му забележуваат и за Договорот од Преспа.

Никола Димитров иако сака да се претстави како надпартиски човек, откако е на позициијата министер го следат скандали. Првиот е со доделувањето на стипендија од 40.000 долари на неговата ќерќа со што во јавноста беше согледано дека има судир на интереси, а вториот е со објавата на wikileas дека издавал информации на САД амбасадата во Скопје од преговорите на ПРМ, ПВРМ и МНР во врска со името

На дневе ред на седницата, меѓу другото, е и предлогот на неколкумина пратеници за дополнување на Законот за пратеници, со кој кога ќе се усвои на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

– Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи членот што пратениците го предлагаат како дополна на Законот.

Доколку се изгласа предлогот, Груевски ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.