ВМРО-ДПМНЕ беше претолерантна кон Никола Груевски затоа што тајните разговори се водат година и пол, а интезивно од февруари. Ова меѓудругото го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Објавил: Македонка Димкин | 26 септември, 2023 7:49

Николоски: Бевме претолерантни кон Груевски, со месеци преговара со ДУИ и СДСМ

Фото/Текст извор: ©MTV 360

ВМРО-ДПМНЕ беше претолерантна кон Никола Груевски затоа што тајните разговори се водат година и пол, а интезивно од февруари.

Ова меѓудругото го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 степени“ на прашање зошто Мицкоски не дозволи да станат очигледни и видливи нештата за кои го обвинува екслидерот на партијата. Иако случувањата биле зад сцената, дел од обидите да се наштети на партијата биле јавни, додава Николоски.

Дополнително, вели тој, Груевски споделувал јавни ставови за многу прашања, но не и за прашањето за уставните измени.

Некој нека направи анализа, затоа што тој (Груевски, н.з.) извади дури и книга од фејсбук-статуси, дали од објавувањето на францускиот предлог до обзнанувањето од наша страна на тоа што се прави зад сцената, има кажано збор за францускиот предлог или за барањето да се промени Уставот. Јас ќе ви кажам – збор нема кажано. Овие случувања се месеци наназад, има интензивна комуникација со претставници на ДУИ, што е добро прашање и за нив бидејќи се дел од власта, а има комуникација и со претставници на СДСМ со кои се разговараат варијанти кои не се во корист на Македонија, а после е партискиот интерес“ – вели Николоски.

За тоа дали поседуваат докази за нивните тврдења против Груевски вели дека постојат два аспекта.

„Никој нема намера да биде таен агент и да собира докази по странски држави. Тоа не е работа на ВМРО-ДПМНЕ, а треба да одговори поранешниот претседател на партијата зошто е во комуникација со еден од првите луѓе во безбедносните структури во Македонија подолг временски период, ама треба и тој од безбедносните структури да одговори – зошто ја прави таа комуникација и колку е тоа законски. Во однос на политичкиот дел, многу јасно е тоа дејствување кога ќе видите дека стига од 4-5 страни и кога ќе видите на кој начин тоа се случува, од разни политички актери кои на политичката сцена се најголеми противници на ВМРО-ДПМНЕ, а се најголеми поддржувачи на поранешниот претседател на партијата“ – посочува Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.