Грчката опозиција инсистира да се отвори за јавноста писмото од 9 страни на кое Никос Коѕијас ја образложил својата оставка, сметајки дека премиерот Ципрас нешто крие

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 6:23

Нова Демократија инсистира да се објави оставката на Коѕијас

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Водечката грчка опозициска партија Нова демократија повторно порача дека писмото со оставката на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас мора да биде објавено во јавноста.

„Писмото мора да биде објавено. Доколку премиерот Ципрас се плаши, тогаш Коѕијас има обврска тоа да го направи“. – пишува во соопштението.

Претходно Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана и претседател на десничарската партија Независни Грци, кој е малцински партнер во владата на Ципрас, порача дека не треба да се очекува пад на актуелната влада во Атина.

Тој рече дека изборите во Грција ќе бидат одржани или во октомври или на крајот на четиригодишниот мандат на владата, или пак во мај следната година.

Каменос нагласи дека до март, односно тогаш кога преспанскиот договор ќе се најде во грчкиот парламент, по ова прашање нема да се расправа со партнерот во владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.