Рамчиловиќ и Исмајлоска - Старова, главни организатори на можната нова пратеничка група, за која ги оставаат отворени шпекулациите дека може да премине и во политичка партија

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 10:46

Нова партија или пратеничка група?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ кои гласаа „за“ уставни измени, се уште не одлучиле дали ќе формираат пратеничка група или пак можеби нова партија.

Иако потврдуваат дека сега за сега едно е извесно, сакаат да останат заедно.

Во постојан контакт сум со останатите пратеници. Нашата цел е да останеме заедно, бидејќи тоа е единствениот начин за успешен процес. – вели Зеќир Рамчиловиќ – здружение „АВАЗ“

И пратениката Исмајлоска – Старова со идентичен став.

Откако ќе се договориме. Со пратениците ќе се сретнеме во текот на денот. – вели Нора Исмајлоска – Старова.

Според Деловникот на Собранието, пратеничка група можат да формираат 5 пратеници, но такво службено барање до собранискиот спикер, се уште не пристигнало.

На оваа тема се огласи и Џафери.

Имајќи го предвид фактот дека дел од нив се исклучени од политички субјект на кој припаѓале, остава простор да го искористат тоа право. Секако, имаат право доколку одлучат да основаат пратеничка група, и нивна работа е како ќе се организираат и кој ќе биде нивен координатор во иднина. Од формален аспект имаат право и можност да го направат тоа. – изјави Талат Џафери.

Осумтемина пратеници на ВМРО – ДПМНЕ беа разрешени од партијата поради тоа што ги поддржаа уставните измени за време на гласањето во Собранието додека коалицискиот партнер од партијата ГРОМ, Панче Минов, најави дека ќе се повлече од пратеничката група, поради разрешувањето Митко Јанчев.

Претходно сите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ ја отфрлија можноста да преминат во ВМРО – НП, предводена од Љубчо Георгиевски, како веќе понудата им беше доставена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.