Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која има 182 вработени, набавува 180 компјутери, без монитори, за 120.000 евра без ДДВ

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 10:19

Новинарка открива: Владина агенција купува 180 компјутери за 120.000 евра

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Поранешната главна и одговорна уредничка на А1 телевизија Сабина Факиќ открива нов скандал со јавни набавки во владина институција.

Со свои пари секој може да прави што сака, но со јавни треба барем малку усул, го започнува текстот новинарката.

Имено Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има вкупно 182 вработени (согласно последниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор објавен на МИОА) и купува 180 компјутери и за тоа ќе потроши 120.000 евра.

“Па сите ли компјутери ви се неупотребливи, па зарем и они купени во 2016 година.” – прашува Факиќ.

Според тендерот секој од 180 компјутери за кои зборува Факиќ ќе чинат околу 40 илјади денари и тоа без ДДВ што е превисока цена за обични сметачи на кои се работат вообичаени пресметки или извештаи.

Тендерот не бара гаранција на понудата и единствен критериум за одлуката кој ќе го добие е цената што значи дека квалитетот не мора да биде највисок а во објавата нема никаква техничка конфигурација која што дава рамка за најдобрата понуда.

Во тендерот се зборува само за компјутери но не и за монитори кои вообичаено се набавуваат посебно, со што сумата од 120 илјади евра или вкупно 7 милиони денари е уште посомнителна како извор на корупција.

линк до тендерската набавка за која говори новинарката Факиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.