Партијата за Движење на Турците и турскиот ентитет бараат Дедај да биде прогласен за непожелен во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 12:58

Новиот косовски амбасадор веќе е скандал во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турската заедница во Македонија бара претседателот Иванов да не ги прими акредитивите од новиот амбасадор од Косово.

Партијата за Движење на Турците во Македонија како и целата турска јавност во Македонија но и пошироко со голема доза на разочараност и огорченост ја примивме веста дека новиот амбасадор на Косово во Македонија ќе биде токму лицето Ѓерѓ Дедај кој претходно додека ја вршеше функцијата заменик министер на Косово во повеќе наврати даде скандалозни – навредливи и крајно фашистички изјави кон турскиот народ.

“Категорични сме дека човек кој има ваков фашизоиден и примитивен ментален склоп во ниту еден случај не смее да биде амбасадор во нашата земја која во сите сегменти максимално се труди да ја негува и промовира мултиетничноста како една голема придобивка за целото општество.

Сигурни сме дека прифаќањето на дотичната личност како амбасадор во Македонија ќе резултира негативно врз мултиетничките релации во нашава земја и регионот но и ќе влијае негативно и кон пријателството со Турција.”

Веруваме дека во име на промоција на позитивните вредности во целиот регион но и за зацврстување на пријателството со Турција ќе ги искористете сите Ваши ингеренции и нема да дозволите ваква контроверзна личност да биде именуван како амбасадор во Македонија.

“Партијата за Движење на Турците и целата турска јавност во следните денови будно ќе ги следи сите случувања и ќе превземеме порадикални демократски чекори за решавање на овој проблем.” – велат од Партијата за Движење на Турците во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.