Од друга страна пак мобилните на учениците ќе бидат исклучени и ставени на одредено место за време на часовите, што значи дека ќе можат да ги носат во школо, но не и да ги употребуваат за време на наставата.

Објавил: Весна Петровска | 17 декември, 2019 18:57

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВАТА -ова нема да им се допадне на учениците

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Општина Ѓорче Петров воведува нови правила во училиштата, децата не смеаат да доааѓат на настава со мобилни телефони.

Ваква наредба издал градоначалникот на Ѓорче Петров .

Како што соопшти самиот Наумовски целта на оваа одлука е непречено да се одвива наставниот процес а мерката ќе почне да важи во второто полугодие.

Наумовски информираше дека наставниците за потребите на наставата нема да бидат спречени да користат друга информациско-комуникациска технологија.

Од друга страна пак мобилните на учениците ќе бидат исклучени и ставени на одредено место за време на часовите, што значи дека ќе можат да ги носат во школо, но не и да ги употребуваат за време на наставата.

Останува да видиме дали оваа мерка од страна на градоначланикот ќе биде отпоздравена од родителите на учениците.

За овој проблем наставниците одамна укажуваат

-Користењето на мобилните телефони на наставата во училиштето е проблем кој бара решение, како од наставниците, така и од родителите и учениците. Во училиштето во кое работам, директорката пред еден месец со одлука ги забрани на час. На почетокот на часот, учениците ги оставаат телефоните на посебна клупа, а на крајот ги земаат. Јас ја поддржувам оваа одлука. Прво, затоа што наставникот може непречено да си ја врши работата, а второ – учениците ќе бидат внимателни, ќе дискутираат и ќе бидат активни на часот, ова го изјаваи професорката Фросина Крстевска од Куманово за порталот Медиум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести