Расмусен, Џорџ Робертсон и Солана јавно истакнаа дека именувањето на новото седиште на НАТО по Џон Мекејн е вистински начин да се оддолжат на неговата животна посветеност

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 6:56

Новото седиште на НАТО ќе го носи името “Џон Мекејн”?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тројца поранешни шефови на НАТО го поддржале предлогот според кој новото седиште на Алијансата би го носело името на починатиот американски сенатор, Џон Мекејн, објави Би-би-си.

Андерс Фог Расмусен, Џорџ Робертсон и Хавиер Солана рекоа дека именувањето на седиштето според Џон Мекејн ќе биде вистински начин Алијансата да му се оддолжи на сенаторот за неговоата животна посветеност.

Именувањето на новото седиште според Мекејн беше првично предложено од пратеникот на конзервативците во Британскиот парламент, Том Тугендхат.

„Внимателно ќе ја разгледаме идејата“, изјавила портпаролката на НАТО за Си-Ен-Ен.

Мекејн, кој почина во саботата на 81 година, беше силен поборник за НАТО, поради што се судри и со претседатолот Доналд Трамп, кој е критички настроен кон Алијансата.

Трамп смета дека САД повеќе придонесуваат за буџетот на НАТО од другите членки, поради што се закани дека ќе излезе од Алијансата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.