Иако се знае дека потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири се дружи со тешки криминалци, дали овој чин е формирање на ново црно тефтерче на обвинители?

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 9:36

Новото “црно тефтерче” е кај Мухи?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На 12 сепмтеви 2018 во Чаир лицето Ш.Раими вработен во Агенција за разузнавање со својот службен пиштол упатил сериозни закани по животот на лицето Ж.А.

Настанот уследил во врска со можни информации кои лицето би можело да ги има поврзани со исчезнувањето на братот на разузнавчот.

Од страна на инспектори по насилен криминал лицето е повикано во Полициска Станица Кисела Вода.

Оттаму неофицијално се дознава дека неодамна Раими по ургенција на Мухамед Зекири требало да биде префрлен на работа во Управата за безбедност и контраразузнавање но после овој инцидент трансферот најверојатно ќе биде откажан.

Инаку и Раими и неговиот исчезнат брат биле активно вклучени во предизборните активности на Мухамед Зекири и Радмила Шекеринска.

Обвинителството и после 10 дена од настанот, во кој се упатени сериозни закани по живот со огнено оружје, нема поднесено соодветна пријава против лицето и покрај сиот материјал доставен од Полициска Станица Кисела Вода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести