Премиерот Зоран Заев веќе "излезе од контрола", па јавно инсистира од Унгарија да одговори дали Груевски доброволно пребегал или бил киднапиран од властите во Будимпешта

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 12:49

Нов сомнеж на Заев: Груевски бил киднапиран од Унгарија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Заев ја стави јагодата врз шлагот (дез)информации како поранешниот премиер Груевски пребегал од Македонија.

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Заев, со нова теорија околу тоа како и зошто Груевски пребегал од Македонија, ја отвора можноста тој да бил киднапиран.

Треба да се истражи дали Груевски доброволно ја напуштил земјата или пак, бил киднапиран. – рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија.

Воедно Заев ги повтори напорите на власта да го донесат дома Груевски на отслужување казна затвор.

Ќе направиме се, господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија.

И јавно го поставувам прашањето, знаејќи вака, како се случувале работите, дали тоа доброволно господинот Груевски ја напуштил Македонија, пред да биде издадена наредбата за негово приведување пред суд или па можеби бил киднапиран очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори. – рече Заев.

Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил.

Но, Заев е дециден дека Груевски ,,лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.