Започнува "конфузниот" судски процес во кој заедно се судат и насилници и граѓани за настаните во Собранието на Македонија од 27-ми април минатата година

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 12:34

Обвинетите за случувањата во Собранието утре пред суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Кривичниот суд во Скопје утре почнува нова постапка за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27-ми април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска.

Јавното обвинителство на Република Македонија во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Член 313 од Кривичниот законик а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според Јавното обвинителство со обвинителниот акт се опфатени три лица припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи кои како овластени службени лица биле носители на “златна” и “сребрена” команда како и лица кои биле учесници во друга група како организатори на движењето “За заедничка Македонија”.

Настаните од 27-ми април 2017 година уследија откако претседавачот на законодавниот дом Вељаноски ја затвори седницата по што пратениците на СДСМ и ДУИ самоволно извршија нелегитимен избор на претседател на Собранието на Македонија за кој до ден денес не постои ни соодветен записник ни листа на пратеници кои гласаа. Насобраниот народ реши да влезе во законодавниот дом а дел насилници извршија и упад во Прес центарот со што физички се пресметаа со пратениците. Но Јавното обвиниелство не ги двои реакциите на граѓаните со неповрзаните напади врз пратениците.

Основниот суд Скопје 1 на 28-ми јуни годинава информираше дека првата главна расправа по предметот поврзан со настаните од 27-ми април 2017-та година во Собранието е закажана за 22-ри август годинава во 10:00 часот а за следниот период се закажани вкупно 37 термини за главна расправа за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот.

Обвинителот Дарко Јакимовски кој го застапуваше обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села на едно од последните рочишта за првиот случај најави дека е можно проширување на истрагата и против други лица поради како што тогаш кажа обезбедени нови докази за случувањата во Собранието.

Судијката Славица Андреевска на 5-ти јули годинава ги изрече пресудите за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27-ми април минатата година. Кире Ѓорѓиевски доби затворска казна од 13 години – Андреј Мицов 10 години и шест месеци – Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци – Николче Димитриевски 10 години и шест месеци – Александар Јаневски – Тошта 13 години – Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Претходно судот ги осуди Стојан Павлевски на три години и Цејо Георгиевски на една година и два месеци затвор додека ЈО го повлече обвинението против Сашо Сенков. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.