Миле Јанакиески продолжува штрајк со глад

Објавил: Узунов Бобан | 10 јули, 2019 11:12

Обвинителката Стефанова: Миле сам си го уништуваш животот, Миле: Ова не е живот !

Фото/Текст извор: ©sitel.com.mk/магазин

Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува обвинението за предметот Траекторија, на денешното судење на обвинетиот Миле Јанакиески му рече дека сам си го уништува животот. Ова, Стефанова му го кажа на Јанакиески на крајот од денешната расправа пристапувајќи до обвинителната клупа.

На ова, Јанакиески кратко искоментира “Ова не е живот”.

Освен Јанакиески, во предметот Траекторија кој се однесува за изградбата на кинеските автопати, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски како и тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Ѓорѓиевски.

Денешното судење се одложи поради отсуство на вештак кој требаше да го образложи направеното вештачење. Следната расправа е закажана за 3 септември.

Јанакиески вчера беше однесен во болницата откако пријави влошување на здравствената состојба и се пожакук на болки, а потоа беше вратен назад во притворот во Шуто Оризари., Во „8 Сепотември“ биле направени сите прегледи и тестирања,а лицата кои се грижат, исто така, дадоа терапија за понатамошен третман во самиот истражен затвор.

Поранешниот министер десетина дена штрајкува со глад и декларативно пие само вода. Тој е во притвор по новоотворениот случај за неисполнување на службените должности со градежмо парцели кај кејот на Вардар и оној на кој требаше да се градат Шпанските скали во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести