Премиерот Зоран Заев како лидер на опозицијата исто така објавуваше неовластени снимени разговори

Објавил: Узунов Бобан | 25 јуни, 2019 11:31

Обвинителството го гони Ел Чека за исти работа што ја правеше и Зоран Заев-пуштање бомби

Фото/Текст извор: ©магазин

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Премиерот Зоран Заев како лидер на опозицијата исто така објавуваше неовластени снимени разговори во јавност но против него тогашниот режим не превзема никакви кривични мерки

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори“, наведе обвинителството.

Оттука додаваат дека во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори.

Јавното обвинителство на Република С. Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.

Од Јавното обвинителство нагласуваат дека ваквите појави ги следат внимателно и ќе постапат согласно своите надлежности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.