Временска прогноза за денеска

Објавил: Узунов Бобан | 21 март, 2019 7:39

Облачно и со пониски температури

Фото/Текст извор: ©магазин

На повеќе места ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен североисточен ветер, па дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени. Во крајните јужни делови и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд 

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.  Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица ќе се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот ќе се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апе до сите возачи да не го користат автопатот.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 17, Маврово 10, Битола 15, Охрид 13, Кавадарци 17, Крива Паланка 13, Берово 11, Дојран 17 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во јужните делови претпладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 16 степени, Маврово 11, Охрид 13, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 14, Берово 12, Дојран 17…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.