По кратка постапка, претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев, го одби како неосновано барањето на адвокатите на Јанкулоска, за изземање на Кацарска

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 12:03

ОБНОВЕНО: Кацарска останува судија за предметот на Јанкулоска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Судијката Добрила Кацарска останува претседател на судечкиот совет во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот во кој обвинета е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Претседателот на судот, Иван Џолев донесе одлука со која го одби како неосновано барањето на адвокатите за изземање на Кацарска.

Одбраната бараше изземање на судијката бидејќи, според неа, ја дискриминира и понижува обвинета за што достави и одлука на Комисијата за заштита од дискриминација.

По соопштување на одлуката на претседателот на судот, Кацарска го продолжи судењето со повикување на шестмината сведоци кои останаа за испрашување по предлог на СЈО.

Пo ова треба да се слушаат и осум т.н. “бомби” кои се предмет во доказната постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.