Мерката одземање патна исправа - пасош освен за Јакимовски е побарана и за сите четворица "општинари"

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 16:29

ОБНОВЕНО: Јакимовски заработи кривична пријава – мерка одземање пасош и редовна пријава во суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевче Јакимовски заработи кривична пријава и за него се бара одземање на пасошот и мерка редовно јавување на суд.

Освен Јакимовски во кривичниот суд беа спроведени уште четворица негови соработници кои се сомничат за истото дело – оштета на општинскиот буџет во корист на две правни лица.

На влегување во кривичниот суд нервозен Јакимовски упати пцовка кон новинарите.

Тој се терети дека со раскинување на тендерски договори и неактивирање банкарски гаранции за изградбата на општинскиот објект и плоштадот во Жданец при што фирмата Алконпроект се стекнала со над 549 илјади евра а фирмата С.М. Компани со над 46 илјади евра или вкупо буџетот на општината е оштетен за речиси 600 илјади евра.

Јакимовски ја злоупотребил својата положба во 2012 година со тендерот за изградба на општинската зграда и тоа со неколкукратни отстапки. Не побарал и не активирал банкарски гаранции но и дозволувал да се гради без одобрение. Јакимовски давал усни наредби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести