Компанијата остварува зголемен профит во последните пет години, а раководството сакаше да стори нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па решија на секој од нив да му подарат автомобил.

Објавил: Перо Милчин | 8 октомври, 2020 18:12

ОВАА КОМПАНИЈА НА СИТЕ 4.116 ВРАБОТЕНИ, ИМ ПОКЛОНИ ПО ЕДЕН АВТОМОБИЛ И ТОА НЕ СЕ (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кинеската челична компанија „Џијангаси“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нови автомобили за надминување на целите за профит петта година по ред.

Компанијата за производство на железо и челик организираше настан на 1 октомври, кој го прослави својот успех и ги награди вработените за придонесот во годишниот раст.

Компанијата остварува зголемен профит во последните пет години, а раководството сакаше да стори нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па решија на секој од нив да му подарат автомобил.

За време на неколку недели пред Денот на кинеската државност, беа дистрибуирани вкупно 4.116 возила во серија, од кои 2.933 беа  „Форд“ а 1.183 беа „фолксваген маготани“.

Според кинеската страница „Соху“, вредноста на возилота е околу 500 милиони јуани, или 74 милиони долари. Компанијата објави дека ќе плати и за регистрација, петгодишно осигурување на автомобил, како и данок на возило.

Како промотивен материјал за настанот, компанијата користеше дрон за да сними неколку стотици нови автомобили поставени околу големата сцена за прославата.

Видеото стана вирално на кинеските социјални мрежи, додека компанијата доби бројни пофалби за споделување профит со своите работници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.